Разно

Пријавете bug во овој проект ако мислите дека нешто треба да се додаде во самиов bug tracking system.
Листа на задачи

FS#250 - linux.net.mk TODO

Закачено за проектот: Разно
Отворено од Арангел Ангов (ufo) - сре, 10 окт 2007 16:34:23
Тип на задача
Категорија bug tracking system
Статус Ново
Доделено на Никој
Оперативни системи n/a
Сериозност Средно
Приоритет Нормално
Пријавена верзија CVS
Доаѓа во верзија Нерешено
До датум Нерешено
Завршено во проценти 0%
Гласови 0
Приватно Не

Детали

Неколку работи што треба да се направат на linux.net.mk:

1. image map на логото да носи до Дома (http://www.linux.net.mk)
2. да се зголемат буквите во блоковите и на вестите во CSS-от (како што беа претходно +2,3 пиксели валјда)
3. да се инсталира модул за додавање на ствари во профилот и понапредна манипулација со корисници (најдов еден што се викаше Members)
4. ранкинг модул (систем) ?
5. taxonomy сликички до веста според категоријата или гочито на испраќачот (за ова може да се дискутира во коментарите)
6. грд хак директно во кодот за да се додаде jabber контакт во профилот (ако го заврши ова точка 3 нема да има потреба)
7. jabber нотификации за коментари/нови вести итн (модул?)
8. Разно (во коментари додавајте ако имате некакви други идеи)
Оваа задача зависи од

Коментар од Новица Наков (novica) - чет, 18 окт 2007 20:49:01
кој и да го ставил тоа лепенчето „со алое вера“ браво - супер е. :-)

сега уште да се менува секоја недела или нешто така. да биде со различни ствари.
Коментар од Новица Наков (novica) - саб, 20 окт 2007 21:18:53
http://linux.net.mk/admin/content/taxonomy/1 ги има сите категории. јас мислам дека баш сите и не се потребни. има категории за апликации: гномминитинг, кбабел а има и кнопикс и линдовс категорија? предлагам да се зачистат категориите, али да не чепкам така на ура, уфо, стојмир видете и забришете нешто.
Коментар од Арангел Ангов (ufo) - пон, 22 окт 2007 08:15:50
Ако се избришат категориите ќе се избришат и старите вести што спаѓаат во тие категории. Така да подобро да не ги зачистуваме, нека стојат, не сметаат.
Коментар од Новица Наков (novica) - вто, 23 окт 2007 11:34:27
хмм, мене не ми се прават авотматски пасуси на удрен ентер. мене само ова или има некој трик со тој едиторот?
Коментар од Новица Наков (novica) - пон, 05 ное 2007 20:42:57
може feedburner да се стави и да гледаме колку луѓе го следат сајтот преку рсс.
Коментар од Арангел Ангов (ufo) - вто, 06 ное 2007 08:17:40
За автоматските пасуси треба да избереш Full HTML доле во лошиот превод на Input Options - „Опции за внес“.
За Feedburner-от ќе разгледам како иде па ќе го ставам кога ќе имам време.
Коментар од Арангел Ангов (ufo) - пон, 12 ное 2007 17:35:43
Океј завршено е и ова со FeedBurner, ти ги праќам информациите на џабер.
Коментар од Новица Наков (novica) - сре, 21 ное 2007 07:55:31
Се сјеба нешто рсс-то. Видете слика.
Коментар од Арангел Ангов (ufo) - сре, 21 ное 2007 09:32:18
http://feeds.feedburner.com/net/linuxnetmk

И ова и оригиналниот фид се океј. Пробај пак.

Вчитувам...